• Thursday, 05 March 2026

Поведена дисциплинска постапка против ФК Шкендија за пропустите на дуелот со Пелистер

Поведена дисциплинска постапка против ФК Шкендија за пропустите на дуелот со Пелистер

Скопје, 4.март 2026 (МИА) – На денешната седница на Дисциплинската комисија при ФФМ изречени се казните за исклучените фудбалери, тренери и членови на стручни штабови на клубовите од Првата и Втората македонска фудбалска лига.

Исто така, беа донесени и следните одлуки:

– Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкендија за натпреварот од 20. коло помеѓу ФК Шкендија и ФК Пелистер, поради слаба организација. Во текот на натпреварот од страна на домашната публика биле фрлани метални пари, запалки и пластични шишиња на теренот. Четвртиот судија бил погоден со запалка и метални пари, а кон него бил фрлен и скалпел, кој паднал во негова близина.

По завршувањето на натпреварот, кога судиската четворка се упатила кон соблекувалните, повторно биле фрлани предмети кон нив. Исто така, неслужбено лице влегло на теренот и вербално ги нападнало судиите. Откако судиската четворка влегла во службените простории, истото лице ги следело, навредувало и се обидело физички да се пресмета со нив.

Казни добија и тренерите Баже Илијоски (Македонија Ѓорче Петров) и ДЕјан Лескароски (Струга Трим Лум) во Првата лига и по два натпревара сузпензија добија.    мн/

Фото: ФФМ