• Thursday, 05 March 2026

Лесор повторно на терените

Лесор повторно на терените

Атина, 4.март 2026 (МИА) – Кошаркарот на Панатинаикос Матијас Лесор по неколку месечната пауза се врати на терените по повредата на скочниот зглоб. Тој доби „зелено светло“ од медицинскиот тим на клубот и за големи напори и се појави на тренинг. Сето ова е на два дена пред дербито со Олимпијакос, а тоа значи дека Лесор е на располагање на тренерот Ергин Атаман.

Сепак тој постепено ќе се враќа во натпреварувачки ритам.

Лесор имаше скршеница на ногата на 19.декември 2024 година и по неколку месечна пауза се врати на теренот и беше дел од Фајнл-форот во Абу Даби, но повторно се повреди и отсуствуваше речиси една година. мн/

Фото: ЕПА