• Thursday, 05 March 2026

Играчот на Детроит најблиску до признанието МВП за сезонова во НБА лигата

Играчот на Детроит најблиску до признанието МВП за сезонова во НБА лигата

Детроит, 4.март 2026 (МИА) – Кошаркарот на Детроит Пистонс Кејд Канингем благодарение на здравствениот билтен и бројката на одиграни натпревари е најблиску до престижното признание – МВП (најкорисен играч) во сезоната од НБА лигата. Борбата за признанието е интересна од причина што постои правило за минимум 65 одиграни натпревари за да може еден играч да биде во конкуренција на индивидуалните награди.

Во најтешка ситуација е српскиот репрезентативец Никола Јокиќ бидејќи секој неодигран натпревар може да го исфрли од борбата, без разлика на статистиката.

Играчот на Детроит може да биде и единствениот кандидат од причина што од конкурентите без проблем може да дојде до бројката од 65 одиграни натпревари и последната недела коефициентите за да ја освои престижната награда за четири пати.

По воведувањето на „правилото 65 натпревари“ исклучително важен момент е и здравјето на кошаркарите. мн/

Фото: ЕПА