Каратистката Данка Стојкова е спортист на годината, Кавадарци ги прогласи најдобрите спортисти за 2025 година
- - Изминатава година се постигнаа бројни успеси и достигнувања, што претставуваат потврда за спортските таленти што ги има општината, беше кажано на традиционалната спортска манифестацијата.
Кавадарци, 4 март 2026 (МИА) - Најдобри спортисти за 2025 година, по 24 пат беа прогласени вечерва во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци. Беа поделени награди и признанија во неколку категории. Млади надежни таленти во повеќе спортови, најдобри јуниори и сениори и други. Каратистката Данка Стојкова е спортист на годината.
Плакета за исклучителна поддршка, доверба и придонес во развојот и унапредувањето на спортот во Кавадарци, беше доделена и за кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
За посебен придонес, поддршка и развој на спортот во Кавадарци, плакета беше доделена и на Министерство за спорт на Република Северна Македонија.
Пред присутните се обрати претседателот на Советот на Општината, Стојанче Рамов.
- Овие спортисти се наша гордост и наши амбасадори. Вечерашните награди се поттик за понатамошни успеси, подвлече Рамов.
Настанот организиран од Сојуз на спортови, на кој беа доделени и благодарници и плакети, беше збогатен со културно уметничка програма. свд/нд/
Фото: МИА