Пегула спаси пет меч топки и го освои трофејот на ВТА 500 во Берлин
- Руската тенисерка Ана Калинскаја попладнево загуби од Американката Џесика Пегула во финалето на турнирот од серијата ВТА 500 во Берлин со 7:6 (7:0), 4:6 и 6:7 (3:7).
- Post By Зоран Стерјовски
- 16:26, 23 June, 2024
Берлин, 23 јуни 2024 (МИА) – Руската тенисерка Ана Калинскаја попладнево загуби од Американката Џесика Пегула во финалето на турнирот од серијата ВТА 500 во Берлин со 7:6 (7:0), 4:6 и 6:7 (3:7).
Русинката пропушти пет меч топки и дозволи победа за Американката.
Натпреварот траеше 2 часа и 32 минути. За Пегула мечот беше втор во денот. Таа претходно ја победи Коко Гауф во презакажаното полуфинале.
Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 922.573 долари. зс/
Фото: ЕПА