• Wednesday, 26 June 2024

Мареј сè уште без одлука за настап на Вимблдон

Мареј сè уште без одлука за настап на Вимблдон


Лондон, 24 јуни 2024 (МИА) – Најдобриот британски тенисер на сите времиња, 37-годишниот Енди Мареј, кому во саботата му беше отстранета циста на ’рбетот, сè уште нема донесено конечна одлука за настапот на Вимблдон, изјави денеска неговиот близок пријател и тренер на британскиот Дејвис куп тим Леон Смит.
Здружението на тениски професионалци (АТП) во неделата преку социјалната мрежа Х објави дека поранешниот двократен победник на Вимблдон ќе мора да го пропушти домашниот Грен слем турнир на трева, поради операцијата која мораше да му биде извршена.
Меѓутоа, неколку часа по објавувањето, пораката беше избришана.
За време на минатонеделниот турнир во лондонскиот Квинс клуб, Мареј го победи Австралиецот Алексеј Попирин во својот 1000. професионален меч, а потоа беше принуден да му го предаде дуелот на својот сонародник Џордан Томпсон по само пет одиграни гемови.
Стануваше збор за болки во грбот кои се влошија за време на настапот на Мареј на Ролан Гарос.
- Тој имаше оперативен зафат во саботата, а сега треба да почекаме и да видиме што ќе се случи. Колку што знам, не е донесена одлука и можеме само да се надеваме на најдоброто за Енди, изјави Смит за Би-Би-Си. ег ФОТО: Икс