• Tuesday, 25 June 2024

Де ла Фуенте: Само победа ни е во мислите против Албанија

Де ла Фуенте: Само победа ни е во мислите против Албанија


Берлин, 24. јуни 2024 (МИА) – Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Де Ла Фуенте изјави дека неговата репрезентација нема лесно да го сфати денешниот натпревар против Албанија во последното коло од групата Б и покрај тоа што неговиот тим веќе се пласираше во осминафиналето на ЕВРО2024.
„Нема да го сфатиме лесно овој натпревар. На теренот ќе го извадиме најконкурентниот тим. Имам целосна доверба во сите 26 играчи. Многу прашања се во игра на овој натпревар: престиж, признание, континуиран напредок … На натпреварот ќе му пристапиме како претходниот, со планот за игра кој мислиме дека е најдобар, мислејќи само на победа“, рече Де Ла Фуенте на неделната прес-конференција.
Шпанија води на табелата со максимални шест бодови, пред Италија (3), Албанија (1) и Хрватска (1). ег ФОТО: Фејсбук