• Wednesday, 26 June 2024

Ѓорческа не го мина првото квалификациско коло на Вимблдон

Ѓорческа не го мина првото квалификациско коло на Вимблдон

Лондон, 25 јуни 2024 (МИА) – Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на квалификациите на Вимблдон. 

Таа денеска загуби со 2:0 (7:6 и 7:6) од Американката Саша Викери, која ги освои двата тај брејка во мечот што траеше еден час и 44 минути. 

Со овој пораз Ѓорческа го заврши настапот на третиот Грен слем турнир годинава.

Причина за поразот според статистиката се големиот број неизнудени грешки 50 за Ѓорческа, наспроти 16 на Викери, како и двојните сервис грешки 10 за Лина, а две за американската тенисерка. 

По настапот на Вимблдон, Ѓорческа е пријавена за настап следната недела на ИТФ фјучрс турнир во Рим. зс/

Фото: МТФ