Од 12 часот без вода корисниците на дел од улицата „Христо Татарчев“
- Од 12.00 часот денеска вода нема да имаат корисниците на дел од улицата „Христо Татарчев“.

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) - Од 12.00 часот денеска вода нема да имаат корисниците на дел од улицата „Христо Татарчев“.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација - Скопје“, причина за прекинот е уличен дефект Ф-200 мм на улицата „Христо Татарчев“ бр. 33, а вода нема да има до санирање на дефектот. мч/сст/
фото: МИА архива