Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на свеченото отворање на 41-те Маџирмаалски средби
- Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска присуствуваше на свеченото отворање на 41-те Маџирмаалски средби.

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) - Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска присуствуваше на свеченото отворање на 41-те Маџирмаалски средби.
Како што информираат од Општина Кисела Вода, на покана на организаторот, заедно со градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски проследиле дел од наптреварите кои традиционално, веќе 41 година се одржуваат во ова познато скопско маало.
-Маџир Маало е едно од најстарите скопски маала, култно место од кое зрачи посебна хемија. Овде се чувствува Скопје во својот полн сјај. Огромна е мојата чест што бев поканет да присуствувам на 41-те Маџирмаалски средби, заедно со колегата Горан Герасимовски, кои речиси половина век успешно се организираат. Посакувам уште долги години да траат, да се организираат овие средби кои ја чуваат традицијатата и духот на Скопје. Честа беше моја, изјавил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. сст/мч/
Фото Општина Кисела Вода