• Saturday, 22 February 2025

Во Штип ќе се реконструираат автобуските постојки

Во Штип ќе се реконструираат автобуските постојки

Штип, 22 февруари 2025 (МИА) – Штипското претпријатие „Стипион“ ќе ги реконструира автобуските постојки низ градот, а воедно ќе гради и нови, најави директорот, Панче Стефановски. Тој истакна дека со подобрување на временските услови ќе се работи на овој проект, со што Штип ќе добие модерни, еко смарт постојки кои ќе можат да ги користат граѓаните.

-Во овој дел има најава во следниот период да се засиле реконструкцијата на постоечките постојки и да се постават нови. За жал, морам да кажам дека имавме ден проект пред финална реализација што ни е сопрен поради замрзнатите средства. Требаше да има нови шест смарт постојки. Во наредниот период ќе ги реализираме со сопствени средства, изјави Стефановски.

Смарт постојки веќе се поставени на неколку места во градот. Тие имаат интернет, полначи за мобилен телефон, како и соодветни информации за возниот ред во градот. Стефановски вели дека се користат од страна на граѓаните.

-Ние имаме позитивна реакција. Сите постојки имаат смарт полначи за телефони, интернет имаат информации за возните редови, така да верувам дека на граѓаните им се од полза, вели Стефановски.

Во меѓувреме стои апелот граѓаните да бидат совесни и да не го уништуваат она што се поставува, со цел да може да се користи подолг временски период. Стефановски истакна дека очекуваат со поставувањето на видео надзор и камери на повеќе локации во Штип да се спречат девијантните појави, уништувањето на урбаната опрема и поставените содржини. вдј/сст/

Фото: МИА