Штипскиот Универзитет очекува со доизградбата на болницата да се изгради и зграда на Факултетот за медицински науки
- Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип очекува со изградбата на новата Клиничка болница да се гради и нов објект, во кој ќе биде сместен Факултетот за медицински науки. Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Дејан Мираковски вели ова ќе донесе подобри услови за студирање на студентите на најголемиот Факултет при овој Универзитет, но дополнително ќе се овозможи и здравстевни услуи на пациентите од истичниот регион.

Штип, 22 февруари 2025 (МИА) – Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип очекува со изградбата на новата Клиничка болница да се гради и нов објект, во кој ќе биде сместен Факултетот за медицински науки. Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Дејан Мираковски вели ова ќе донесе подобри услови за студирање на студентите на најголемиот Факултет при овој Универзитет, но дополнително ќе се овозможи и здравстевни услуи на пациентите од истичниот регион. Тој истакна дека има маркица за градба на новата зградата на Факултетот за медицински науки, а во моментот основниот проект за новиот факултето е предаден на проектната група при министерството за здравство, задолжена за изградба на новата Клиничка болница.
-Како активност ќе биде вклучен објектот на Медицинскиот факултет со соодветни институти ќе биде вклучен со изградбата на новата болница. Идејата е тој објект да биде комплементарен со болницата, институтите со факултетот да ги пружаат здравствените услуги, дополнително за да се подобрат условите за функционирање и на болницата и на здравствените услуги кон граѓаните во источниот регион. Веќе бевме контактирани и од проектната единица и во тек се активности со компаниите кои ќе го изведуваат проектот, изјави Мираковски.
Тој додаде дека проектот е од 2014, кој најверојатно ќе треба да претрпе измени. Медицинскиот факултетот ќе се простира на околу 6.000 метри квадратни. Освен амфитеатри, предавални, во него ќе бидат сместени и неколку Институти кои ќе имаат научно-образовна компонента. Од изградбата на новиот објект бенефит ќе имат и медицинскиот персонал во болницата, но и граѓаните.
-Вклучува повеќе Институти коишто освен што ќе имаат научно – истражувачка и образована димензија во себе ќе бидат комплементарни и со функционирање на болницата, односно ќе даваат и јавно здравствени услуги заедно со болницата, рече Мираковски.
Студиските програми на Факултетот за медицински науки, се помеѓу најатрактивните на штипскиот Универзитет и овде студираат најголем број на студенти, кои за да ги следат предавањата се приморани да се движат од еден до друг кампус кои меѓусебе се одалечени. Освен домашните, најмногу застапени се и студентите од Турција, но и од други држави, а програмата по општа медицина може да се следи и на англиски јазик. вдј/дма/
Фото: МИА