• Sunday, 23 February 2025

Норвешка најдобра во машката штафета на Мундијалот во биатлон

Норвешка најдобра во машката штафета на Мундијалот во биатлон

Ленцерхајде, 22 февруари 2025 (МИА) - Норвешка победи во машката штафета на Светското првенство во биатлон во Ленцерхајде.

Норвешкиот национален тим во состав Ендре Стромсхајм, Тарјеи Бе, Стурла Холм Лагреид, Јоханес Бе 30-те километри ги минаа со време 1:18.18.1 час (0+4)

Второто место сребрените медали ги освоија Французите Емилиен Клод, Фабиен Клод, Ерик Перо, Квентин Фијон-Мајлет со заостанување од 41,9 секунди (0+7).

Третото место го освои Германија во состав Филип Наврат, Данило Ритмулер, Јоханес Кун, Филип Хорн со заостанување од 1,35.9 минута (0+10). зс/

Фото: ЕПА