• Sunday, 23 February 2025

Зверев за турнирот во Рио: Еден од најдобрите АТП 500 турнири што некогаш сум играл

Зверев за турнирот во Рио: Еден од најдобрите АТП 500 турнири што некогаш сум играл

Рио де Жанеиро, 22 февруари 2025 (МИА) - Светскиот рекет број 2 Александар Зверев го коментираше својот настап на АТП 500 турнирот во Рио де Жанеиро (Бразил).

Нивото е подобро отколку во Буенос Аирес, но штета е што турнирот заврши вака. Сè уште уживам во времето во Рио и се надевам дека ќе се вратам. Ова е еден од најдобрите АТП 500 турнири што некогаш сум ги играл. Штета за мене што не отидов понатаму затоа што бев во победничка позиција, рече тенисерот на прес-конференција.

Дваесет и седумгодишниот Германец загуби од Аргентинецот Франциско Комесан во четвртфиналето на турнирот со резултат 6:4, 3:6, 4:6. зс/

Фото: ЕПА