• Sunday, 23 February 2025

Гасперини нема да го продолжи договорот со Аталанта

Гасперини нема да го продолжи договорот со Аталанта

Бергамо, 22 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини нема намера да го продолжи договорот со италијанскиот тим.

Договорот на 67-годишниот специјалист со клубот од Бергамо е до летото 2026 година. Сепак, Гасперини не исклучи дека би можел да ја напушти Аталанта по крајот од актуелната сезона.

- Сè има почеток и крај. На крајот на сезоната ќе видиме дали ќе го доработам договорот или ќе го раскинеме. Нема да има понатамошно продолжување, ги цитира „Corriere della Sera“ зборовите на тренерот.

Во Аталанта Гасперини е од 2016 година. Под негово водство, тимот три пати освои 3. место во Серија А, а ја освои и Лигата на Европа во сезоната 2023/24.

Гасперини двапати беше признат за тренер на годината во италијанскиот шампионат - во 2019 и 2020 година. зс/

Фото: ЕПА