• Sunday, 23 February 2025

Франција победи во женската штафета во биатлон на Светското првенство

Франција победи во женската штафета во биатлон на Светското првенство

Ленцерхајде, 22 февруари 2025 (МИА) – Француската репрезентација победи во женската штафета на Светското првенство во биатлон во Ленцерхајде, Швајцарија.

Лу Жанмоно, Осеан Мишелон, Жастин Брезат-Баучер и Џули Сајмон искористија четири резервни куршуми за да завршат за 1 час 7 минути и 23,9 секунди.

Второто место и припадна на норвешката селекција во состав Керолин Нотен, Ингрид Тандреволд, Рагнхилд Фемштајнвик, Марен Киркеиде, со заостанување од 1 минута и 6,8 секунди зад водечките. 

Првата тројка ја комплетираа Швеѓанките (Ана Магнусон, Ела Халварсон, Хана Оберг, Елвира Оберг) со заостанување од 1:44,5.

Од 15:05 часот ќе почне машката штафета 4x7,5 км, поселдна трка од Светското првенство во биатлон 2025. зс/

Фото: ЕПА