• Wednesday, 17 July 2024

НБА може да започне со истражување на можностите за проширување

НБА може да започне со истражување на можностите за проширување

Вашингтон, 17 јули 2024 (МИА) - НБА наскоро може да почне да работи на проширување.

Лигата има за цел да го реши ова прашање откако ги заврши преговорите за правата на медиумите. За време на прес-конференцијата на Адам Силвер во вторникот во Лас Вегас, комесарот се осврна на темата и ги потврди плановите на НБА да истражува додавање нови франшизи оваа есен.

-Сè уште не завршивме со нашите медиумски договори, но штом ќе завршиме, ќе го разгледаме проширувањето, рече Силвер.

Сиетл и Лас Вегас се сметаат за приоритетни опции за можно проширување на НБА. зс/

Фото: ЕПА