• Friday, 19 July 2024

Обамејанг го напушта Марсеј

Обамејанг го напушта Марсеј

Марсеј, 17 јули 2024 (МИА) - Габонскиот фудбалер Пјер-Емерик Обамејанг објави дека го напушта Марсеј, по сезоната во која беше најдобар стрелец на клубот со 30 гола во сите натпреварувања.

„Време е да започнеме ново поглавје“, сподели напаѓачот во пораката на Инстаграм, заблагодарувајќи му се на сопственикот и претседателот на Марсеј што го прифатија неговото заминување.

Обамејанг (35) не ја прецизираше следната дестинација, но подоцна се појави информација дека потпишал за Ал-Кадсија од Саудиска Арабија.

Искусниот напаѓач пристигна во Марсеј во летото 2023 година како слободен играч од Челси, постигнувајќи 30 гола и 11 асистенции, но клубот заврши едвај на осмото место во Лига 1. дс

Фото: Архива