• Thursday, 17 October 2024

Најмалку 140 лица загинаа во експлозија во Нигерија, 50 хоспитализирани (ДПЛ)

Најмалку 140 лица загинаа во експлозија во Нигерија, 50 хоспитализирани (ДПЛ)

Абуџа, 16 октомври 2024 (МИА) – Бројот на загинати луѓе во експлозијата што се случи во северниот дел на Нигерија се искачи над 140. Инцидентот се случи кога жителите почнаа да собираат гориво кое истекло од превртена цистерна.

- Речиси 140 луѓе беа ставени во масовна гробница, а останатите беа погребани на друго место, истакна шеф на Националната агенција за управување со вонредни состојби во регионот, рече Нура Абдулахи.

При експлозијата повредени се 50 луѓе и се хоспитализирани. ми/

фото: МИА архива