• Thursday, 17 October 2024

За погодените области по налетот на двата урагана во САД, одобрени 1,8 милијарди долари

За погодените области по налетот на двата урагана во САД, одобрени 1,8 милијарди долари

Вашингтон, 16 октомври 2024 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одобри средства во вредност од над 1,8 милијарди долари за напорите за обновување на погодените области по налетот на ураганите Хелена и Милтон, соопшти Белата куќа.

Обновата на погодените држави се очекува да трае долго. Двете бури погодија копно во рок од две недели, ставајќи силно оптоварување на федералните ресурси за одговор при катастрофи и исто така предизвикаа десетици милијарди долари во осигурени загуби на имот.

Бајден одобри федерална помош за покривање на трошоците на жителите и локалните власти, кои вклучуваат обезбедување привремени засолништа и вода за пиење, како и расчистување на остатоците и обновување на испораката на електричната енергија. Околу 8.000 федерални вработени во моментов се на терен за да помогнат во обновата.

Претседателот ги повика американските пратеници, кои се на одмор до претседателските избори на 5 ноември, да се вратат во Вашингтон за да одобрат повеќе средства за помош при катастрофи. зш/