Претседателот на Комисијата за надворешни работи на Големото национално собрание на Турција во посета на Собранието
- Во посета на Собранието денеска ќе престојува претседателот на Комисијата за надворешни работи на Големото национално собрание на Турција, Фуат Октај.
Скопје, 28 јануари 2025 (МИА) - Во посета на Собранието денеска ќе престојува претседателот на Комисијата за надворешни работи на Големото национално собрание на Турција, Фуат Октај.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Октај ќе оствари средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Тој ќе се сретне и со претседателот на Комисијата за надворешни работи и надворешна трговија Муса Џафери и со членовите на Комисијата. фф/бак/
Фото: МИА Архива