Општина Струмица и годинава субвенционира бесплатен приклучок на гасоводниот систем
- Општина Струмица и годинава субвениционира бесплатен приклучок на гасоводниот систем за кој досега граѓаните плаќаа 46.943 денари.
Струмица, 29 јануари 2025 (МИА) - Општина Струмица и годинава субвениционира бесплатен приклучок на гасоводниот систем за кој досега граѓаните плаќаа 46.943 денари.
Повикот за субвенионирање е објавен на официјалната веб страница на Општината и во него се наведува дека со оваа иницијатива се овозможува субвенционирање на трошоците за „Стандарден приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем“, со вредност од 46.943,00 денари по домаќинство во нето износ.
-Субвенцијата ќе се доделува согласно принципот „прв дојден, прв услужен“ се до исцрпување на буџетот, што значи дека граѓаните кои први ќе поднесат апликација ќе имаат приоритет во добивањето на субвенцијата. Ова е одлична можност за сите граѓани кои сакаат да го користат природниот гас како енергенс, да направат значителни заштеди на енергетските трошоци, а истовремено да придонесат за заштита на животната средина, стои во повикот.
Од Општина Струмица ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да ја искористат оваа поволност и да ги поднесат своите апликации. рт/цр
Фото: Општина Струмица