• Friday, 06 February 2026

Дел од центарот на Скопје денеска без вода

Дел од центарот на Скопје денеска без вода

Скопје, 6 февруари 2026 (МИА) - Поради уличен дефект на цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Св. Кирил и Методиј“ бр. 48, денеска од 8:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата „Димитрие Чуповски“, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар во Општина Центар.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, корисниците ќе бидат без водоснабдување до завршување со санација на дефектот. вј/са/

Фото: МИА архива

You May Also Like