Украдени овци и јагниња од бачилото на сточар во штипското село Лакавица
- Од бачилото на сточарот Ибраим Хусеин во штипското село Лакавица синоќа непознати сторители украле пет овци и три јагниња. Тој тврди дека непознати лица за нив во селото вчера се движеле со автомобил. Хусеини кој чува над 200 овци и прозиведува млеко и млечни производи вели дека ова е не е прв пат од бачилата во Штипскиот регион да се краде стока.
Штип, 6 февруари 2026 (МИА) – Од бачилото на сточарот Ибраим Хусеин во штипското село Лакавица синоќа непознати сторители украле пет овци и три јагниња. Тој тврди дека непознати лица за нив во селото вчера се движеле со автомобил. Хусеини кој чува над 200 овци и прозиведува млеко и млечни производи вели дека ова е не е прв пат од бачилата во Штипскиот регион да се краде стока.
-Чувам околу 220 овци, ама синоќа ми украдоа осум, пет овци и три јагниња. Бараме да се најде некое решение, да им се помогне на сточарите. Лани имаше околу 100 овци украдени во Штипско, еве синоќа и кај мене, изјави Хусеини.
Тој посочува дека тешко е да се одгледуваат овци, бидејќи од една страна влијаат и климатските промени, односно сушата влијае врз количините на млекото, од друга страна се уште ги немаат земено субвенциите.
-Не се исплаќа, ние сме од сите страни најзагрозени. Од една страна е климата, времето гледате, многу суша нема млеко од овците, субвенции уште не сме земале и од друга страна крадат, изјави Хусеини.
Тој упате апел до надлежните институции да се најдат сторителите на вакви дела и да не се повторат кражбите на стока. вдј/вј/
Фото: МИА