• Saturday, 07 February 2026

Францускиот амбасадор Ле Риголер во посета на Гевгелија

Францускиот амбасадор Ле Риголер во посета на Гевгелија

Гевгелија, 6 февруари 2026 (МИА) - Амбасадорот на Република Франција, Кристоф Ле Риголер, денеска беше во посета на Општина Гевгелија, каде што се сретна со градоначалникот Андон Сарамандов.

Како што е наведено на фејсбук-профилот на градоначалникот Сарамандов, на средбата се дискутирало за предизвиците на локалната самоуправа и плановите за подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и за успешното реализирање на голем број проекти финансирани преку европските фондови.

Станало збор и за актуелните трендови во изучување странски јазици, моментната состојба со францускиот јазик и важноста од организирање активности што ќе го поттикнат интересот кај младите за негово изучување.рш/вј/

Фото: ФБ Сарамандов

You May Also Like