Мојс: Сакам да ја променам судбината на Евертон
- Дејвид Мојс признава дека и пред неколку недели не очекувал Евертон да биде во борба за опстанок, но сега е пред задача брзо да ја сврти среќата на тимот.
- Post By Спорт Миа
- 21:41, 13 January, 2025
Ливерпул, 13 јануари 2025 (МИА) - Дејвид Мојс признава дека и пред неколку недели не очекувал Евертон да биде во борба за опстанок, но сега е пред задача брзо да ја сврти среќата на тимот.
Шкотланѓанецот се врати на „Гудисон Парк“ 12 години по заминувањето во Манчестер Јунајтед.
-Евертон е поинаков. Не помислив дека има шанси Евертон да биде во битката за опстанок). Не се шегувам, сите треба да бидат зад нас, играчите треба да играат подобро, да постигнуваат повеќе голови. Верувам дека имаме тим од играчи за кој пред неколку недели не гледав никакви тешкотии. Ни претстои многу работа за да се искачиме на табелата. Се надевам дека сме подготвени да бидеме најдобрите што можеме, изјави Шкотланѓанецот. дс
Фото: Архива