• Monday, 10 March 2025

Леброн Џејмс ќе паузира поради истегнување на препоните

Леброн Џејмс ќе паузира поради истегнување на препоните

Лос Анџелес, 9 март 2025 (МИА) - Бостон Селтикс стави крај на серијата од осум победи на Лос Анџелес Лејкерс, но за тимот на Л.А. Лошата вест е и повредата на Леброн Џејмс.

Леброн го напушти теренот во последната четвртина, а како што објави упатениот Шамс Шаранија од ЕСПН , ѕвездата на Лејкерси се соочува со пауза поради истегнување на препоните.

Шаранија во неделата ја објави веста дека Леброн ќе биде надвор од терените најмалку една или две недели.

Тој ќе чека 24 часа за да се изврши уште еден преглед, по што ќе се утврди колку време ќе треба да паузира.

Леброн Џејмс има просек од 25 поени, 8,2 скока и 8,5 асистенции во својата 22-ра сезона во НБА. дс

Фото: Архива