ПМФЛ: Вардар со гол во судиското продолжение до бод против Силекс
- Фудбалерите на Вардар со гол во судиското продолжение стигнаа до реми 1-1 на гостувањето кај Силекс во рамките на 23. коло на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
- Post By Спорт Миа
- 16:47, 9 March, 2025

Кратово, 9 март 2025 (МИА) - Фудбалерите на Вардар со гол во судиското продолжение стигнаа до реми 1-1 на гостувањето кај Силекс во рамките на 23. коло на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Кратовчани поведоа со голот на Али Алиќ, додека со гол на Азер Омерагиќ во завршницата Вардар освои важен бод во борбата за опстанок.
Со ова реми, Силекс по 23 кола за останува четири бода зад Шкендија која е лидер со 49. Вардар од друга страна е осми со 21, колку што има и Брера.
Резултати од 23. коло на ПМФЛ:
Гостивар - Брера Струмица 2:2
Шкендија - Пелистер 1:0
Шкупи - Беса 1976 2:3
Силекс - Вардар 1:1
Струга - Воска Спорт 1:0
Колото се затвора утре со пресметката меѓу Работнички и Тиквеш во Скопје. дс
Фото: Принтскрин