Арсенал извлече бод против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“
- Голема драма на „Олд Трафорд“ резултираше со реми меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал (1:1) во дуел од 28. коло од Премиер лигата. Фернандеш реализираше во првото полувреме за домаќините, додека Рајс израмни во второто полувреме
- Post By Спорт Миа
- 20:02, 9 March, 2025

Манчестер, 9 март 2025 (МИА) - Голема драма на „Олд Трафорд“ резултираше со реми меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал (1:1) во дуел од 28. коло од Премиер лигата. Фернандеш реализираше во првото полувреме за домаќините, додека Рајс израмни во второто полувреме.
Вистински победник на ова дерби е Ливерпул, кој благодарение на овој резултат има предност од +15 пред второпласираните „топџии“.
Арсенал ја продолжува одличната резултатска серија против „црвените ѓаволи“. Ова е шести натпревар по ред на кој не им дозволуваат на своите ривали да ги победат.
Сепак, избраниците на Рубен Аморим имаат на што да се надеваат во иднина, бидејќи оваа сезона остварија две ремија против лондонскиот клуб и се една од причините поради која Микел Артета и неговите следбеници полека губат уште една шанса за освојување на Премиер лигата. дс
Фото: Принтскрин