Таткото на Верстапен негираше дека Макс ќе го напушти Ред Бул
- Џос Верстапен на социјалните мрежи ги отфрли најновите шпекулации дека неговиот син Макс Верстапен го напушта Ред Бул за да се приклучи на Мерцедес.
- Post By Спорт Миа
- 17:13, 9 March, 2025

Мелбурн, 9 март 2025 (МИА) - Џос Верстапен на социјалните мрежи ги отфрли најновите шпекулации дека неговиот син Макс Верстапен го напушта Ред Бул за да се приклучи на Мерцедес.
Темата се појави во емисијата „Рејс кафе“ на ТВ каналот „Зиго спорт“, со коментар на новинарот Џек Плоих.
Претходно стана јасно дека авионите на Макс Верстапен и Тото Волф полетале еден по друг на аеродромот во Ајндховен, што предизвикало гласини дека тие двајца можеби договориле средба.
Плоих сугерираше дека Верстапен најверојатно ќе се пресели во Мерцедес за сезоната 2026 година, објаснувајќи дека има клаузули во неговиот договор со Ред Бул кои овозможуваат тоа да се случи. Сепак, Џос Верстапен брзо реагираше.
„Џек, зборуваш глупости“, напиша таткото на четирикратниот Ф1 шампион.
Извор од опкружувањето на Џос потоа додаде дека таткото на Макс целата дискусија ја опишал како „целосна глупост и измислици“. дс
Фото: Архива