Иднината на Араухо ќе биде решена во наредните денови
- Иднината на Роналд Араухо во Барселона треба да се реши во следните неколку дена, тврди весникот „Марка“.
- Post By Спорт Миа
- 21:38, 13 January, 2025
Барселона, 13 јануари 2025 (МИА) - Иднината на Роналд Араухо во Барселона треба да се реши во следните неколку дена, тврди весникот „Марка“.
Уругваецот е предмет на сериозен интерес од Јувентус, а некои медиуми дури тврдат дека „Камп Ноу“ веќе одбил понуда за дефанзивецот вредна 35 милиони евра.
Спортскиот директор Деко сака уште еднаш да ја разгледа ситуацијата и да има уште еден разговор со играчот пред да донесе конечна одлука за активностите на клубот. Но, може да се влоши и ситуацијата со Иниго Мартинез, кој вчера заработи повреда и ќе отсуствува околу пет недели.
Шефовите на Каталонците веќе добија неколку сигнали од таборот на Араухо дека сака да си замине, но Деко сака да ја слушне оваа желба директно од играчот и дури тогаш ќе одобри разделба со него. Самиот уругвајски дефанзивец има само уште една година договор со Барселона.
Повеќето медиуми во Шпанија тврдат дека Барселона за Роналд Араухо ќе одреди цена од 50 милиони евра. Јувентус не се откажува од идејата да го ангажира играчот и ќе испрати нова понуда за него во наредните денови. дс
Фото: Архива