• Wednesday, 26 June 2024

Дејвис куп: Македонските тенисери со победа над Косово обезбедија опстанок

Дејвис куп: Македонските тенисери со победа над Косово обезбедија опстанок

 

Улцињ, 24 јуни 2024 (МИА) – Македонската Дејвис куп репрезентација попладнево во Улцињ го совлада Косово со 2-0 и обезбеди за опстанок во Третата Европска зона.

До двата поена Македонија стигна по двете сингл победи.

Во првиот меч Берк Бугариќ го совлада Мал Агуши со 2-0 во сетови (6-2, 6-1) за еден час и 32 минути игра, додека во вториот дуел Шендрит Деари беше поуспешен од Јасин Јакупи во три сета Натпреварот се играше два часа и 5 минути.

На мечевите во Улцињ Македонија забележа две победи над Словенија 2-1 и против Косово со 2-0, додека поразот од Црна Гора во првиот меч од 0-3 ја спречи македонската репрезентација да се бори за пласман во повисок ранг. ег ФОТО: Икс