• Saturday, 22 February 2025

Герасимовски: 17 тони кабаст отпад собрани во акцијата од 15 до 20 февруари

Герасимовски: 17 тони кабаст отпад собрани во акцијата од 15 до 20 февруари

Скопје, 21 февруари 2025 

Општина Центар успешно ја спроведе акцијата за собирање кабаст отпад, реализирана во периодот од 15 до 20 февруари на три локации, улиците „Загребска”, „Костурски херои” и „Пролет”.

Вкупно беа собрани: 17 тони кабаст отпад, претежно мебел, врати, градежен шут, прозори, паркети и ламинат.

На секоја од трите локации беа поставени контејнери за кабаст отпад, каде секојдневно во раните утрински часови истиот беше собиран од службите на општината.

„Ги повикувам граѓаните и понатаму да бидат совесни и да го фрлаат отпадот на соодветните места. Да продолжиме заедно и одговорно да се грижиме за нашиот Центар“, порача градоначалникот Герасимовски.

Акцијата продолжува и во следните два месеци, во периодот од 15 до 20 март и април, на локации за кои навремено ќе информира Општина Центар.

Општина Центар

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Општина Центар