• Saturday, 22 February 2025

Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд

Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) - Од утре следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од ноќта кон понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините и на повисоките места повремено ќе провејува слаб снег. 

Како што информира УХМР, утре минималните темпеартури ќе бидат до -8, а максималните дневни ќе достигнат 7 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. мч/сст/

фото: МИА архива