• Saturday, 22 February 2025

Реакција на Министерството за животна средина и просторно планирање на соопштение на ДУИ

Реакција на Министерството за животна средина и просторно планирање на соопштение на ДУИ

Скопје, 22 февруари 2025

Демократската унија за интеграција не може да се согласи со фактот дека албанскиот народ им ги превзеде овластувањата да владеат со него, по 22 години последователни неуспеси, лошо управување и масовна корупција.

Изет Меџити, како министер за животна средина и просторно планирање, Демократско движење и коалицијата ВЛЕН, ги има сите овластувања од граѓаните, Законот и Уставот да управува со институциите, со полн капацитет и со проекти кои се реализираат за доброто на граѓаните низ целата држава, а не како што тоа го направи ДУИ за збогатувањето на нивната врхушка  и нивните семејства, а врз грбот на Албанците.

ДУИ не може да се согласи со тоа што Изет Меџити за 6 месеци во влада реализира проекти кои не ги ни размислувале 22 години.

Демократската унија за интеграција за 22 години не разбра дека владините органи како што се министерствата, не се раководат со архивирани писма, туку од закони и Уставот. Ова не го научија 22 години на власт, но сега во опозиција имаат можност да научат како се води државата.

Мандатот ќе го продолжиме со корекција на погрешните 22-годишни политики на ДУИ, кои оставија лузни на сите институции на локално и централно ниво.

На опозициската ДУИ им останува единствената надлежност луѓето од американската црна листа да продолжат да ги контролираат нивните канали за комуникација со јавноста.

Конечно, во однос на надлежностите кои ги споменува ДУИ, ги потсетуваме дека овластувањата над инспекторатите што им беа одземени пред 10 години, оваа влада ги врати во различните министерства каде што припаѓаат, за кои ДУИ не се осмели тогаш да каже ниту една реченица, поради страв да не ги изгуби придобивките на група луѓе од нивната купола. Овие инспекторати сега се повторно под надлежност на министерствата, со одлука на актуелната влада.

МЖСПП

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива