Велика Британија со нов пакет санкции кон Русија
- Санкциите се насочени кон енергетскиот и воениот сектор на Русија, со што се опфатени 300 организации, бродови и физички лица
Лондон, 24 февруари 2026 (МИА) – Владата на Велика Британија денеска воведе нов голем пакет санкции кон Русија.
Санкциите се насочени кон енергетскиот и воениот сектор на Русија, со што се опфатени 300 организации, бродови и физички лица.
Санкции се воведени и кон компанијата „Транснефт“ преку која се извезува над 80 проценти од руската нафта.
Велика Британија наведе дека санкциите имаат за цел да го оневозможат финансирањето и вооружувањето на руската армија. ми/
фото: МИА архива