• Wednesday, 17 July 2024

Сестрата на Ким Џонг Ун и се заканува на Јужна Кореја поради пропагандните летоци што Сеул ги испраќа на северот

Сестрата на Ким Џонг Ун и се заканува на Јужна Кореја поради пропагандните летоци што Сеул ги испраќа на северот

Пјонгјанг, 16 јули 2024 (МИА) - Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Јо Џонг денеска изјави дека Јужна Кореја ќе се соочи со „погубни последици“ поради нејзините пропагандни летоци против Пјонгјанг што ги испраќа на северот.

„Се чини дека ситуацијата станува неприфатлива. Повторно силно ги предупредуваме. Тие треба да бидат подготвени да платат ужасна и скапа цена“, рече таа, според КЦНА.

Додаде дека големите балони со летоци „против Пјонгјанг“ предизвикуваат „голема непријатност“ за граѓаните на Северна Кореја. рп/

Фото: МИА архива