• Friday, 21 February 2025

Форум „ЕЛЕКТРОБУС“

Форум „ЕЛЕКТРОБУС“

Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) - Форум „ЕЛЕКТРОБУС“ ќе биде одржан денеска во Скопје во организација на Старк Енерџи, а во соработка со Машинскиот факултет при УКИМ и унгарската компанија ИКАРУС.

На форумот, како што најавија организаторите, ќе се обратат амбасадорот на Унгарија во земјава Андраш Клеин, Бенкош Тамас, претседател на компанијата ИКАРУС и деканот на Машинскиот факултет Златко Петрески.

Форумот што ќе се одржи во новата зграда на Машинскиот факултет, годинава е посветен на потребата од електрични автобуси и влијанието врз квалитетот на воздухот, а пред присутните ќе биде биде претставен и електричниот автобус IK E120 од унгарската компанија ИКАРУС.са/