• Saturday, 22 February 2025

ДОМ: Обновлива енергија – ДА, НЕ на плодна земја

ДОМ: Обновлива енергија – ДА, НЕ на плодна земја

Скопје, 21 февруари 2025 

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) е категорично против уништувањето на земјоделското земјиште за профит на бизнис-интереси под превезот на „зелена енергија“.

ДОМ отсекогаш се залагал за обновливи извори, но не на сметка на домашното производство на храна и егзистенцијата на земјоделците.

Оваа одлука е погрешна и штетна! Наместо да се користат веќе деградирани површини, индустриски зони и покриви на објекти, властите легализираат уништување на плодни полиња.

Ова не е зелена политика, туку кратковидно решавање на енергетската криза на сметка на иднината на земјоделството.

Демократската обнова на Македонија (ДОМ)

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.