• Friday, 21 February 2025

Јавен повик на Општина Чашка за подршка на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани за 2025

Јавен повик на Општина Чашка за подршка на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани за 2025

Велес, 20 февруари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски распиша јавен повик за распределување финансиски средства од Програмата за активностите на Општината во областа на спортот и здуженија на граѓани за 2025 година, за материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани кои вршат јавен интерес на територијата на Општина Чашка.

Целта е да се унапреди соработката и да се придонесе кон општествен развој на општината. Крајниот рок за поднесување на пријавите е 25 февруари годинава.

Приоритети имаат настаните поврзани со развој и поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани со психофизички развој, социјална инклузија, економски развој и афирмација и промоција на Општина Чашка.

Потребната документација за учество на повикот се доставува по пошта или во архивата на Општина Чашка, на адреса „Илинденска“ бр.8, населба Чашка, со назнака „За јавен повик за доделување на материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани“.

Пoстапката за доделување на материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани кои вршат јавен интерес на територијата на Општина Чашка, ја спроведува Комисија формирана од Советот на Општина Чашка. ад/

Фото:МИА архива