• Thursday, 18 July 2024

Чеферин може повторно да се кандидира за функцијата прв човек на УЕФА, и покрај тоа што вети дека нема да го стори тоа

Чеферин може повторно да се кандидира за функцијата прв човек на УЕФА, и покрај тоа што вети дека нема да го стори тоа

Лондон, 16 јули 2024 (МИА) - Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин може повторно да се кандидира за реизбор во 2027 година, пишува „Гардијан“.

Во февруари, Конгресот на Европската фудбалска асоцијација направи измени во повелбата на организацијата, што ќе му овозможи на 56-годишниот функционер да остане на својата функција до 2031 година. По ова Чеферин изјави дека не планира да биде реизбран за нов мандат.

Според „Гардијан“, првиот човек на УЕФА разговарал со претставници на неколку европски федерации за потенцијалното откажување на ветувањето. Поддржан е од околу 20 членки на УЕФА.

Главната причина за Чеферин е немањето наследник. Во моментов ниту еден кандидат ниту приватно не се изјаснил за желба да се кандидира за претседател на УЕФА.

Чеферин беше избран на функцијата во септември 2016 година. Претходно беше на чело на Фудбалскиот сојуз на Словенија. зс/

Фото: ЕПА