• Friday, 14 March 2025

Хипер за изјавите на Трамп за анексија на Гренланд: ЕУ ги поддржува принципите на почитување на територијалниот интегритет  

Хипер за изјавите на Трамп за анексија на Гренланд: ЕУ ги поддржува принципите на почитување на територијалниот интегритет  

Брисел, 14 март 2025 (МИА) - Европската Унија во повеќе наврати го изрази својот јасен став околу изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп поврзани со данската автономна територија Гренланд, истакна денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.   

- ЕУ ќе продолжи да ги поддржува принципите на почитување на националниот суверенитет, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите и на Повелбата на ОН, изјави Хипер во одговор на новинарско прашања за ставот на Унијата за вчерашните изјави на Трамп дека „смета оти ќе се случи“ анексија на Гренланд од страна на САД. 

Хипер нагласи дека овие принципи се универзални и дека ЕУ нема да престане да ги бранат, дотолку повеќе што во прашање се доведува територијалниот интегритет на нејзина земја членка.

- Европската Унија целосно го поддржува Кралството Данска, додаде Хипер. сп/

Фото: МИА Архива