• Saturday, 15 March 2025

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

15 март 2025

Лондон - Британскиот премиер Кир Стармер е домаќин на онлајн состанок на земји кои се подготвени да и помогнат на Украина во случај на договор за прекин на огнот.

Будимпешта - Говор на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговиот ривал, лидерот на опозициската партија „Тиса“ Петер Маѓар по повод Националниот ден.

Букурешт - Проевропски собир за поддршка на европските вредности.

Тирана - Протест против најавеното привремено затворање на платформата ТикТок во Албанија.

Белград - Во 16:00 часот пред зградата на Народното собрание започнува повеќечасовниот студентски протест наречен „15 за 15“, на кој ќе присуствуваат организирани поворки на студенти и граѓани од повеќе места низ градот.