• Sunday, 23 June 2024

Убиен оперативец на Хамас и Ал Џама ал Исламија во израелски воздушен напад во Либан

Убиен оперативец на Хамас и Ал Џама ал Исламија во израелски воздушен напад во Либан

Ерусалим, 22 јуни 2024 (МИА) - Ајман Гатма, истакнат оперативец на милитантната група Хамас и египетската радикална исламистичка организација Ал-Џама ал-Исламија, е убиен во израелски воздушен напад во либанската област Западна Бека, соопштија денеска израелските одбранбени сили (ИДФ).

Според ИДФ, Ајман Гатма бил одговорен за снабдување со оружје на Хамас и Ал-Џама ал-Исламија во Либан, објави „Тајмс оф Израел“.

ИДФ соопшти дека нападот со беспилотно летало бил изведен поради вмешаноста на Гатма во извршувањето на нападите врз Израел. зш/