• Wednesday, 17 July 2024

Трето теристичко прскање против комарци утре во Македонска Каменица

Трето теристичко прскање против комарци утре во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 16 јули 2024 (МИА) - Општина Македонска Каменица во среда ќе го спроведе третото теристичко прскање против комарци. Со прскањето, како што информираа од Општината, ќе биде опфатено подрачје од 200 хектари.

-Ги известуваме граѓаните од Македонска Каменица, дека на ден 17.07.2024 година, во доцните вечерни часови ќе биде спроведено (трето) терастичко третирање против комарци во централното градско подрачје на вкупна површина од 200 хектари. Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови, информираа од Општината.

Посебен апел оттаму упатија до пчеларите да ги преземат потребните мерки на претпазливост.

-Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето, додадоа од Општината.

При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден. вс/вг/

Фото: МИА Архива