• Wednesday, 17 July 2024

Активни 13 пожари, изгаснати три

Активни 13 пожари, изгаснати три

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) – Во моментов има 13 активни пожари на територијата на Република Северна Македонија, изгаснати се три, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи. 

Активните пожари се во Скопје во Општините Сарај, Сопиште, Зелениково и Студеничани, а покрај пожарите во Битола и кај планината Серта во Неготино, гори и во Штип, Ново Село, Чашка, Долнени, Гевгелија, Радовиш, Делчево и Липково.

Изгаснати се три пожари и тоа во Општините Македонски Брод, Росоман и Чешиново-Облешево. ар/ев/


Фото: МИА архива