• Wednesday, 17 July 2024

Зголемени патроли во планинските предели, еден од заклучоците на Штабот за заштита и спасување на Кавадарци

Зголемени патроли во планинските предели, еден од заклучоците на Штабот за заштита и спасување на Кавадарци

Кавадарци, 16 јули 2024 (МИА) - Зголемени патроли во планинските предели, да се зголеми превенцијата против пожари од страна на ТППЕ Кавадарци и во овој критичен период да не се користат годишни одмори и сите вработени да бидат мобилизирани. Ова се само дел од заклучоците што беа донесени на попладневниот координативен состанок на Штабот за заштита и спасување на Кавадарци за заштита од пожари. 

- Присутни беа градоначалниците на општините Кавадарци и Росоман, командирот на Противпожарната единица, директорот на ЈП Комуналец Кавадарци, претставници од Регионален центар за управување со кризи, претставници од шумското претпријатие, претставници на Шумската полиција и други, информираа од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. свд/бак/


Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев