• Wednesday, 17 July 2024

Трамп го номинираше сенаторот Џеј Ди Венс за свој придружник и потпретседател, во трката за влез во Белата куќа (ДПЛ)

Трамп го номинираше сенаторот Џеј Ди Венс за свој придружник и потпретседател, во трката за влез во Белата куќа (ДПЛ)


Вашингтон, 15 јули 2024 (МИА) Поранешниот претседател Доналд Трамп денеска на конвенција на Републиканската партија формално беше назначен за претседателски кандидат од оваа партија. Трамп потоа го објави името на својот потпретседател кој влегува со него во трката за освојување на Белата куќа на изборите закажани за во ноември.

Изборот на Трамп падна за сенаторот од Охајо Џеј Ди Ванс, кој ќе стане негов потпретседател ако двајцата победат на изборите. До крајот на месецов се очекува и демократите формалано да назначат свој кандидат, кој најверојетно ќе биде актуелниот претседател Џо Бајден.

-По долги разговори и размислување и со оглед на огромните таленти на многумина други, одлучив дека најдобрата личност која може да ја презеде функцијата потпретседател на Соединетите Држави е сенаторот Џеј Ди Ванс од Големата држава Охајо, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“.  

Со ова, заврши неизвесноста околу тоа кој ќе бде ангажиран како потпретседал на Трамп. Ако тој победи на изборите, Ванс (40) ќе биде еден од најмладите потпретседатели во историјата и тоа со само две години искуство на избран службеник. Тој се смета за фигура бласка на стилот и на погледите на конзеравтивното и популистичко движење на Трамп. кб/