ТАСС: Европа очекува Киев да постигне „енергетско примирје“ на средбата во Абу Даби
- Неколку европски земји изразуваат силен интерес Киев да постигне договор за „енергетско примирје“ за време на состанокот на трилатералната работна група со Русија и САД, што се одржува во Абу Даби, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на дипломатски извори.
Абу Даби, 23 јануари 2026 (МИА) - Неколку европски земји изразуваат силен интерес Киев да постигне договор за „енергетско примирје“ за време на состанокот на трилатералната работна група со Русија и САД, што се одржува во Абу Даби, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на дипломатски извори.
„Низа европски земји силно го посакуваат тоа“, изјавил изворот за руската агенција, иако не можел да потврди дали оваа тема веќе била официјално покрената на преговорите во Обединетите Арапски Емирати.
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност на Киев за ваков вид „енергетско примирје“, со цел да се заштити енергетската инфраструктура од натамошни напади. Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со овие предлози неодамна изјави дека приоритет на Русија е „гарантиран, одржлив и долгорочен мир“, а не само привремено примирје.
Трилатералната средба во Абу Даби се смета за клучен дипломатски канал во кој, покрај претставниците на завојуваните страни, директно се вклучени и Соединетите Американски Држави како медијатор во разговорите за специфични безбедносни и економски прашања. ссм/
фото: архива