Песков: Работата за решавање на конфликтот во Украина напредува, клучна е „формулата од Енкориџ“
- Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека процесот за решавање на конфликтот во Украина напредува и нагласи дека во овој момент е од суштинско значење да се имплементира „формулата од Енкориџ“.
Москва, 23 јануари 2026 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека процесот за решавање на конфликтот во Украина напредува и нагласи дека во овој момент е од суштинско значење да се имплементира „формулата од Енкориџ“.
Оваа изјава на Песков доаѓа како коментар на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека страните се приближуваат кон завршување на конфликтот.
- Работата се движи. Работата напредува. Сега е многу важно да се имплементира формулата што беше договорена во Енкориџ, изјави претставникот на Кремљ за агенцијата ТАСС.
Песков додаде дека помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, веќе информирал за ова по средбата на Владимир Путин со специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стивен Виткоф.
Претходно, Ушаков посочи дека за време на средбата со американските емисари во Кремљ „повторно било констатирано дека без решавање на територијалното прашање според формулата договорена во Енкориџ, не може да се смета на постигнување долгорочно решение“ на украинскиот конфликт.
Во првичниот план од 20 точки, договаран во Алјаска меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Путин, се предвидуваше украинската војска целосно да се повлече од Донбас, во услови кога околу 20 проценти се се уште под украинска контрола. ссм/
фото: архива